За платформата

Вовед

Интернетот ги раскина бариерите што постоеjа помеѓу луѓето и информациите, ефикасно демократизирајќи го пристапот до човековото знаење. Никаде ова не е поочигледно отколку во светот на вестите.

Веруваме дека под повеќе информации се подразбира поголем избор, поголема слобода и во крајна линија поголема моќ за луѓето. Платформата е наш обид, да ги поврземе корисниците со што повеќе вести кои се од нивен интерес. Тоа значи, прикажување на најважните вести на нашата насловна страница, така што корисниците не треба да талкаат за да дојдат до нив.

Со поврзувањето на илјадници луѓе со вести од сите релевантни медиуми во Македонија, платформата многу им олеснува на своите корисници да ги следат актуелните случувања од различни перспективи, и да бараат повеќе информации за прашањата кои се од нивен интерес.

Клуч на овој проект е почитувањето на авторските права. Платформата никогаш не прикажува повеќе од: насловот, еден фрагмент и мала слика од веста. Доколку луѓето сакаат да ја прочитаат целата вест, тие треба да кликнат на линкот прочитај повеќе кој ги носи на оригиналната веб страна и таму можат да ја прочитаат целата вест. Платформата е слична на Google пребарувачот во кој се собираат сите информации објавени на интернет, се создава индекс на тие податоци, и се опслужуваат преку едноставен веб интерфејс.

Наша цел е на корисниците да им дадеме релевантни и објективни резултати, па затоа нашите топ вести ги селектираме автоматски, со компјутерски алгоритам, без човечка интервенција.

Веруваме дека ваквите агрегатори на вести се од вистинската корист и за изворите на вести, бидејќи агрегаторите носат интернет сообраќај на нивните страници. Со собирање на вестите од повеќе извори на едно место, платформата го прави читањето на вести попристапно и поинтересно, ги охрабрува луѓето да читаат повеќе, а корист има и издавачката индустрија во целина.


Автор на платформата

Платформата е бесплатен продукт кој е дизајниран (софтвер) и имплементиран од Ѓоре Димов / Стамбол основач на ПРОЦЕС ИН ДООЕЛ. Приказот на вестите е инспириран од страницата news.google.com. Платформата континуирано е во развојна фаза. Секаква идеја, забелешка или коментар се добредојдени. Платформата не користи никаков комерцијален или бесплатен софтвер.


Авторски права © Процес ин Дооел. Развиена од Стамбол. Ако ви треба помош, ве молам јавете ми се, со задоволство ќе ви помогнам | 071 244 660